
Претседателот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев, главните фигури кои водеа Вардар во ерата на Сергеј Самсоненко, поднесуваат оставки и ќе заминат од клубот. Ова значи дека во брзо време најтрофејниот македонски клуб треба да добие нова раководна структура.
Во меѓувреме, до 31 јануари, Сергеј Самнсоненко треба целосно да го подмири долгот кој, како што открива Самоил Симев за МАКФУДБАЛ, изнесува околу 2,4 милиони евра.
„Како и што најавивме во јуни, поднесуваме оставки на функциите. Но, ќе останеме во клубот за да може да функционира и во наредниот период, кога очекуваме разврска и примопредавање на клубот. Ние немаме финансиска моќ да останеме на чело на ФК Вардар, а од Сергеј Самсоненко имаме ветување дека до крајот на јануари ќе го покрие долгот. Во меѓувреме, треба да следат други чекори, се во насока ФК Вардар како најтрофеен македонски клуб да продолжи да егзистира“, вели Самоил Симев.
Сегашното раководство треба да го врати клубот на Град Скопје, кој ја има „златната акција“. Во наредните денови треба да биде остварена средба со градоначалникот Петре Шилегов, а потоа Град Скопје ќе може да го довери на друг заинтересиран спонзор, доколку се појави таков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
