Connect with us

Тричко погоди од пенал за роденден, Чеде Јаневски победи со пресврт

Македонскиот дуел на Кипар му припадна на поранешниот селектор Чедомир Јаневски. Тој е на клупата на Олимпијакос Никозија и славеше триумф (2-1) против АЕК Ларнака каде играат Иван Тричковски, Стефан Спировски и Даниел Мојсов.

Тричковски погоди од пенал во 11.минута на убав начин прославувајќи го 34. роденден, но второто полувреме му припадна на тимот на Чеде Јаневски. Захариу и Сантана постигнаа голови за пресврт и за победа на Олимпијакос Никозија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови