Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски е единствениот стратег од нашите простори кој повеќе од две децении постојано работи на меѓународна сцена, држи ниво и остварува успеси. Под негово водство, тимот на Емирати успеа да обезбеди влез во елитното друштво во првенството на Обединетите Арапски Емирати. Голем успех е тоа за клубот, кој и минатата сезона која беше прекината поради пандемијата на коронавирус, покажа дека е квалитет за елитната конкуренција.
„Направивме голем успех со Емирати, две години сме во врвот и конечно успеавме да се пласираме во елитата. Познато е дека и минатата сезона бевме меѓу најдобрите, но пандемијата промени се. Сепак, со напорна работа и со правилна клупска стратегија, на крајот Емирати ја оствари целта. Горд сум на овој успех, останува да го одработиме и последното коло и да уживаме малку во успехот“, вели за МАКФУДБАЛ, Ѓоко Хаџиевски.
Клубот сака соработката да продолжи и следната сезона, ќе следат преговори и за во елитата.
„Актуелниот договор ми истекува на крајот од месецот со завршување на шампионатот. Има најави дека клубот сака да ја продолжиме соработката, ќе разговараме секако на тој план, но малку да се одмориме и да уживаме во успехот. Има и други клубови кои се заинтересирани за нас по овој голем успех“, истакнува Хаџиевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski