
Македонскиот прволигаш Шкупи означи старт на подготовките, а раководството размислува и на иднината. Тимот од Чаир потпиша професионални договори со младите фудбалери Реџјан Абази и Билал Исени.
Абази игра позицијата напаѓач и има 18 години. Државјанин е на Канада, каде и ја започнува својата фудбалска кариера, во Универзитетот Мекгил, а во Шкупи доаѓа од редовите на Работнички, каде со успеси настапуваше во младинските категории.
Билал Исени, има 19 години и е фудбалер кој доаѓа од школата на Шкупи. Исени игра на позицијата лев дефанзивец, а досега ги бранел боите на Вардар Форино и Велазерими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski