
Македонскиот прволигаш Шкупи успеа да го договори трансферот на крилниот играч на Вардар, Матеј Цветаноски. Ова ќе биде еден од најзвучните трансфери на прволигашката сцена оваа зима, а Шкупи се обидува да оформи нов напад со оглед дека заминува Дембо Дарбо, најдобриот напаѓач на тимот од Чаир и најдобар фудбалер по есенскиот дел од шампионатот.
Цветаноски имаше одлични настапи во дресот на Вардар, а одлучи да ги напушти „црвено-црните“ со оглед на неизвесноста која се уште виси над најтрофејниот македонски клуб. За Цветаноски беше заинтересирана и Шкендија, но офанзивецот реши да ја прифати понудата на Шкупи и се очекува да биде официјално презентиран како ново засилување пред Шкупи да замине на подготовки во Анталија.
Тимот од Чаир ги почна подготовките, но се уште е без новиот тренер Хасан Озер кој ќе го чека составот директно во Анталија. Од четврток ќе почне да работи со фудбалерите на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
