Навивачката група Комити не може да се помири со актуелната мизерна ситуација во Вардар и сега веќе јавно кажува кои се гробарите на клубот. Во нивното соопштение на социјалните мрежи, се вели…
Моменталната ситуација во Вардар во една слика…
Решиле да го погребаат оние кои имаат ингеренции, власта и актуелното раководство, а зошто? Па логика:
⏩Со исчезнувањето на Вардар, исчезнува и обврската за плаќање на долгот. И доколку повторно се формира таков Вардар каков што го знаеме, и некој ден настапи повторно во прва лига, ќе мора да го наследи долгот плус каматите. Во спротивно, доколку не ги плати:
❌ќе мора да има додавка на името,
❌Ќе мора да има промена на боите,
❌Ќе мора да игра на оддалеченост од 60км од сегашната локација.
❌ќе му се избрише цела историја и ќе настапи ко новоформиран клуб.
⏩Од друга страна со исчезнувањето на Вардар, актуелната власт калкулира дека:
❌ ќе исчезне последниот бастион на Македонскиот идентитет.
❌ ќе почне да исчезнува Македонското национално ткиво, а со тоа и потенцијалните иницијатори за враќање на уставното име и гонење на оние инволвирани во неговата промена,
❌💥 со туркањето на Вардар во втора лига а потоа со калкулираното негово постепено згаснување, ќе ослабне а потоа и со време ќе исчезне навивачката група Комити.
Но, повторуваме НО има еден проблем. Нам нема да ни смени ништо дали Вардар игра во прва, втора или последна лига. Ние ќе бидеме секако посилни. Тоа е неизбежен процес, и веројатно поради тоа ќе треба да ги боли глава сите оние кои (доколку) имаат такви болни мисли.
Логиката и чекорите кои се преземаат или не-преземаат, укажуваат на една работа, а таа е – ДА, ДОГОВОРЕНИ СЕ ! За жал договорени се да го погребаат ! Договорени се да го испратат во историјата !
Дали ќе успеат? Сите механизми се на нивна страна – Држава, моќ, пари, влијание, власт, опозиција, сопственост, имотни листови, ингеренции, партии, институции…Се освен еден и единствен, а тоа е НАРОДОТ !
Само народот може да ги спречи, затоа што ВАРДАР Е НА НАРОДОТ !!!
Доколку народот застане, ВАРДАР ЌЕ ПОБЕДИ, тоа го гарантираме, затоа што ние ќе бидеме во првите борбени редови…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski