Најтрофејниот македонски клуб Вардар доживеа дебакл на гостувањето во Кратово откако загуби со 6-0 од Силекс во меч што требаше да биде директна борба за опстанок во елитата. Црно му се пишува на тимот предводен од поранешните истакнати фудбалери, Златко Таневски, Бобан Грнчаров и Никола Глигоров. Младинскиот тим надополнет со Најденов, Петковски и капитенот Блажевски беше буквално понижен во Кратово. Хет – трик постигна Дејан Ристов, а потоа со хет – трик се надоврза и Пепи Ѓоргиев.
Шкендија со 0-3 славеше против Ренова. Сите голови лидерот ги постигна во второто полувреме. Бесарт Ибраими, Игор Вандерсон да Силва и Дашмир Елези стрелаа за Шкендија.
Шкупи со 0-1 го победи тимот на Академија Пандев. Стрелец на голот беше Ламине Дијак во 78.минута од мечот. Академија Пандев имаше шанса за израмнување, но Марјан Радески во финишот не искористи пенал. Наумовски го одбрани неговиот удар.
Македонија ЃП ја совлада Беласица во Струмица со 0-2. Робсон да Силва погоди пред крајот на првиот дел, а Чарлестон во 84.минута зголеми на 0-2.
Струга Трим Лум оствари важен триумф (0-1) на гости против Борец во Велес. Победничкиот гол беше дело на Јасмин Мециновиќ во 48.минута.
ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 0-3
СИЛЕКС – ВАРДАР 6-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-1
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
БОРЕЦ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-1
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-1
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski