Connect with us

Сериозна повреда за Лукас Васкез, ја заврши сезоната

Реал Мадрид остана без Лукас Васкез до крајот на сезоната. Тој ги повредил вкрстените лигаменти на коленото на синоќешното дерби против Барселона и за него оваа сезона е завршена. Најверојатно ќе мора да замине на операција, а потоа го очекува и долг рехабилитациски процес.

Ова е уште еден удар за тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, кој го користеше Лукас Васкез на десната бековска позиција поради отсуството на повредениот Дани Карвахал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови