Ренова се бори за опстанок, а Шкендија има десет бода предност на врвот на табелата во Првата лига. Денешното тетовско дерби има поинаков предзнак иако јасно е дека квалитетот е на страна на лидерот Шкендија. Но, мотивацијата е на страна на „гипсарите“ со оглед дека во моментот бодовите им се многу потребни во обидот да излезат од опасната зона. Може ли тимот на Ќатип Османи по триумфот над Шкупи во минатото коло сега да го земе и скалпот на Шкендија?
Во таборот на Шкендија се враќаат голманот Костадин Захов и дефанзивецот Јан Кривак, а напаѓачкиот арсенал делува расположено. Но, ќе биде интересно да се види како ќе реагира на одбраната на Ренова.
Македонија Ѓорче Петров гостува во Струмица кај Беласица и откако доживеа елиминација во Купот сега мора со сите сили да се бори за третата позиција на табелата. Во моментот има само два бода предност пред Работнички откако „романтичарите“ вчера го совладаа Пелистер.
Струга Трим Лум е во иста позиција како и Македонија ЃП, ако сака излез на европска сцена сега ќе мора да го избори преку првенството. Стружани денеска му гостуваат на Борец во Велес и посакуваат триумф.
Шкупи со нов тренер, Јетон Муслиу кој ќе ја врши должноста по отказот за Хасан Озер, ќе се обиде да се врати в победнички ритам. Но, Академија Пандев покажа дека е мнгу поквалитетен тим во пролетниот дел од сезоната кога од клупата ги предводи Александар Васоски. Се очекува интересен дуел на комплексот на Академија Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski