Connect with us

Ибрахимовиќ исклучен поради бизарно недоразбирање? (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ беше учесник во два од трите гола на Милан против Парма, но исто така, доби и еден од најчудните црвени картони оваа сезона.

„Златан ми рече дека разговарал со судијата некое време, но не покажал никакво непочитување и во никој случај не го навредил,” изјави тренерот на “росонерите”, Стефано Пиоли после натпреварот. Според неофицијалните снимки од натпреварот, се чини дека станува збор за неверојатна забуна.

Судијата Фабио Мареска, наводно, погрешно ги слушнал и протолкувал зборовите на Ибрахимовиќ. Моментот кога Ибра вели “mi sembra strano = чудно ми е”, судијата претпоставил дека тој рекол “sei un bastardo = ти си копиле”, па поради тоа му покажал директен црвен картон на шведскиот ветеран.

Како што тврди италијански “Скај Спорт”, Милан ќе поднесе жалба за суспензијата на 39-годишниот напаѓач.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови