
Пари Сен Жермен лесно го доби дуелот од француското првенство против Стразбур (1-4), но можеби го загуби Кејлор Навас. Голманот кој беше еден од најдобрите поединци во тимот на Маурисио Покетино во победата над Баерн Минхен (2-3) на „Алијанц арена“ и одбрани многу удари кон голот, заработи повреда на вчерашниот меч.
Покетино го повлече од игра на полувремето и не сакаше да зборува многу за нивото на повредата.
„Го заменив Кејлор Навас затоа што сакавме да бидеме внимателни. Тој има болки во рамото, но се надеваме дека не е ништо сериозно. Имаме добар лекарски тим, се надевам дека се ќе биде в ред до реваншот со Баерн Минхен“, изјави Покетино.
Сепак, дали е така ќе покаже денешниот детален лекарски преглед што треба да го мине костариканскиот интернационалец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal