
Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2-1 во големото дерби на Ла Лига, популарното Ел Класико, и се искачи на првата позиција на табелата со 66 бода, колку што има и Атлетико Мадрид, но и меч помалку, утрешниот против Бетис.
„Кралевите“ ја продолжија победничката серија, Карим Бензема на волшебен начин ја затресе мрежата на Тер Штеген во 13.минута, кога со петица го зафати уфрлувањето на Лукас Васкез од десната страна и ја смести во мрежата.

Тони Крос од слободен удар во 28.минута зголеми на 2-0 и тимот на Зинедин Зидан обезбеди огромна предност по првиот дел. Но, Барселона се врати во игра во второто полувреме.
Оскар Мингеза во 60.минута погоди за 2-1,а каталонскиот тим нападна со сите сили барајќи израмнување. Кашемиро доби два жолти картони и беше исклучен во 90.минута, а Барселона во последните мигови ја погоди гредата од голот на Тибо Куртоа. Сепак, радоста во Ел Класико е „кралска“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
