Connect with us

Марио Станковски ги „растури“ пелистерци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички оствари сигурен триумф (3-1) над Пелистер во воведниот натпревар од 26.коло во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ врзаа втора последовна победа на најголемиот стадион и се искачија на четвртата позиција на табелата, па сега им дишат во врат на ѓорчепетровци кои се на местото кое носи излез во Европа.

Марио Станковски беше супер-расположен за игра, се придодадоа и неговиот брат Лука Станковски, потоа стрелците Ѓурѓевиќ и Јевтоски, асистентот Ристовски, одличниот голман Ристе Јанков кој двапати одбрани еден ист пенал поради повторување на ударот…

Тимот на Александар Влахо покажува дека ќе биде конкурентен до крајот и за излез на европска сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови