Connect with us

Алиоски и Лидс Јунајтед го победија Сити на „Итихад“ (ВИДЕО)

Лидс Јунајтед направи мала сензација победувајќи го лидерот Манчестер Сити на „Итихад“ со 1-2. Марсело Биелса го надмудри Пеп Гвардиола кој одлучи да му даде одмор на овој натпревар на Кевин де Бруин.

Езгјан Алиоски го одигра целиот натпревар за Лидс Јунајтед и беше асистент на победничкиот погодок, а гостите од крајот на првиот дел играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Лајам Купер.

Стјуарт Далас беше стрелец на двата гола за гостите, а за „граѓаните“ погоди Феран Торес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови