Работнички го победи Пелистер со 3-1 на националната арена „Тодор Проески и се искачи на четвртата позиција на табелата во Првата лига со 39 бода, два помалку од Македонија ЃП која е на позиција која води во Европа.
Марио Станковски уште во седмата минута ја погоди гредата, пет минути подоцна му подготви шанса на Силјановски, а на крајот во 22.минута самиот успеа да го отвори резултатот по додавањето од Лука Станковски.
.
Во 26.минута Фахрудин Ѓурѓевиќ излезе сам пред Давор Талески, но голманот на Пелистер одбрани. Десет минути подоцна Ѓурѓевиќ се поправи и по асистенцијата од Ристовски зголеми на 2-0.

Во 65.минута, по акцијата на двајцата стрелци, Стефан Јевтоски зголеми на 3-0 за „романтичарите“. Ристе Јанков двапати му одбрани пенал на Танушев во 73.минута, откако Марјан Гоцевски еднаш го повтори неговиот удар.
Пелистер во финишот стигна до почесен погодок преку Валентин Кочоски во 89.минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













