Пелистер со одлична резултатска серија во пролетниот дел од сезоната се извлече од опасниот дел на табелата во Првата фудбалска лига и сака да продолжи во ист стил и на денешниот дуел со Работнички, воведен од 26. коло во елитната конкуренција.
Алдаир Нето вели дека битолскиот тим сега со многу поголема самодоверба влегува во секој натпревар и верува дека може да оствари позитивен резултат и против „романтичарите“.
„Мислам дека имаме добри шанси на натпреварот против Работнички. Добро трениравме оваа недела и верувам дека сè ќе биде во најдобар ред. Самодовербата по натпревар против Вардар е поголема. Мислам дека ако продолжиме со ваква работа, со истите идеи на тренерот, секогаш може подобро и подобро“, вели Нето.
Пелистер се наоѓа на седмата позиција на табелата со 32 бода, додека Работнички е петтопласиран со четири бода повеќе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Винисиус сака трансфер во ПСЖ?













