
Италијанскиот првак Јувентус го доби дерби натпреварот против Наполи со 2-0 и малку е сега полесна ситуацијата на тренерот Андреа Пирло. Интер побегна многу на врвот на табелата и „старата дама“ многу веројатно ќе мора да го предаде „скудетото“, но сега целта на клубот е да избори пласман во Лигата на шампионите.
Со триумфот над „наполитанците“, Јувентус се смести на третата позиција и може помирно да го игра продолжението од шампионатот во Серија А.
„Ни беше потребна една ваква победа. Не бегам од одговорноста никогаш, сите тренери зависат од резултатите. Но, во моментот имаме и многу други грижи, борба со коронавирусот, со повредите. Верувам дека овој тим на Јувентус може многу повеќе и факт е дека потклекнавме во одреден дел од сезоната. Но, тоа ќе го анализираме откако ќе заврши сезоната. Сега треба да издржиме и да ја оствариме целта“, изјави Андреа Пирло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
