
Бразилецот Маркињос нема да биде подготвен за настап во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Дефанзивецот на ПСЖ заработи повреда на мускулот на првиот меч на „Алијанц арена“, а невозможно е лекарскиот тим да го подготви за настап за неколку дена.
Ова ќе биде голем удар за тренерот Маурисио Покетино кој сега мора да го префрли Данило Переира во стоперската линија заедно со Преснел Кимпембе.
Се уште не е познато и дали италијанските интернационалци Марко Верати и Алесандро Флоренци ќе можат да настапат со оглед дека се во изолација поради коронавирусот. Тие до вторник ќе мора да покажат два негативни теста на Ковид-19 за да добијат дозвола за враќање на терените.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal