Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, се уште го нема продолжено договорот со клубот и на лето би можел да ја промени средината. Тој влегува во последната година од договорот, но Наполи се уште му нема понудено продолжување на соработката. По ова, агентот на Инсиње отпочна преговори со раководството на Милан.
Инсиње бара 4 милиони евра по сезона, сума која „росонерите“ се подготвени да ја платат. Италијанските медиуми истакнуваат дека капитенот на Наполи е блиску до преселба на „Сан Сиро“.
Лоренцо Инсиње целата кариера досега ја посвети на Наполи, освен тоа што како млад фудбалер беше на калење во Кавезе, Фоџа и во Пескара.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski