Connect with us

Академија Пандев со одговор до Македонија ЃП: Континуираниот притисок за повисоко ниво на македонскиот фудбал е наша обврска

Финалистот на Купот на Македонија, Академија Пандев, јавно одговори на ставот на Македонија ЃП дека „направиле притисок во јавноста“ и тоа придонело за два „сомнителни пенали“ на полуфиналниот куп-меч во Ѓорче Петров.


Во реакцијата на Академија Пандев се вели:

Почитувани, денешнава прозивка од нашите спортски пријатели од редовите на ФК Македонија Ѓ.П е причината која не не остави рамнодушни и поради која моравме да реагираме, а се со цел за подобар и поквалитетн македонски фудбал, но секако и самата јавност да ја процени вистината. Ние како раководство на ФК Академија Пандев сме должни да обезбедиме оптимални услови, опкружување и подршка на секој наш фудбалер, секогаш фудбалерите кај нас се на прво место и затоа ќе кажеме:


Победата на нашите момчиња е чиста како солза и заслужено се во финалето на купот! Ако ФК Академија Пандев имаше моќ да прави притисок сега ќе беше трето место на табелата во ПМФЛ, а не да се бори за опстанок. Во рок од еден месец тимот на ФК Македонија Ѓ.П има три порази од ФК Академија Пандев, два првенствени и еден во купот. Еден пораз можеби би бил случаен, но по три порази за толку кратко време ? Би им препорачале на аналитичкиот сектор на ФК Македонија Ѓ.П да се сврти кон нивниот тим, и кај нив да си ги бараат причините за поразите. Честитки за борбеноста и залагањето на нашите фудбалери и за радоста после постигнатите голови. Нас како тим ниту не интересира дали „капчето е на глава“, ниту дали е „вратата на тунелот отворена“. Доколку на некого му ги расипавме “ сметките и договорите” за крајниот епилог на табелата и куп завршницата иако не сме должни Ви се “извинуваме”. За нас нашиот тим е наша светост, ние немаме друга фудбалска опција, а и не прифајќаме “сомнителни” преговори и договори. За крај ако на некого му пречи што ФК Академија Пандев бара правда, порачуваме дека ни на крај памет не ни паѓа да се откажеме
.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови