Connect with us

Македонија ЃП: Академија Пандев „притисна“ во јавноста и доби два пенали за финале

Македонија Ѓорче Петров загуби (1-3) од Академија Пандев во полуфиналето на Купот, а за струмичкиот тим беа досудени два пенали кои ги реализира Радески. Ѓорчепетровци реагираат на судењето откако ја прегледале видео-снимката сметајќи дека судијата Јован Качевски немал ист аршин.


„Академија Пандев изминатиот период правеше силен притисок во јавноста, а тоа очигледно вроди со плод. Ние реално бевме сериозно оштетени на натпреварот во вторникот, бидејќи не ни беше досуден чист пенал во 20-тата минута за прекршок над Томе Китановски. Сепак, на спротивната страна судијата Качевски беше ‘лесен на свирката’ и два пати покажа на белата точка. Ако ние сме пристрасни, ги доставуваме овие видео снимки па нека процени јавноста околу исправноста на пеналите за противникот и недосудениот пенал за нас. Навистина е штета што со вакво судење се уништуваат важни натпревари како полуфинале на Куп, бидејќи директно се крои крајот на сезоната, односно кој ќе игра во Европа, а кој не“, се вели во реакцијата на Македонија ЃП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови