
Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров официјално ги промовираше тројцата нови фудбалери кои ќе го носат дресот на „лавовите“ во пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Офанзивецот Изет Ајрулаху е најновата аквизиција за тимот на Жикица Тасевски. Тој им се приклучи како ново име на Бразилците Робсон да Силва и на Чарлестон, кои многу порано се определија да бидат дел од таборот на ѓорчепетровци.
Изет Ајрулаху во есенскиот дел од сезоната беше еден од најдобрите поединци на лидерот во Втората лига Запад, тимот на ФК Скопје. Чарлестон беше дел од одбраната на Вардар, додека Робсон да Силва во првиот дел од шампионатот го носеше дресот на Беласица и реши повторно да се врати во Ѓорче Петров.
Македонија ЃП уште неколку дена ќе тренира во Скопје, а потоа се сели во турскиот туристички центар Анталија каде ќе го одработи вториот дел од зимските подготовки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal