
Англија ќе добие дополнителни четири натпревари од Европското првенство, откако многу веројатно УЕФА ќе го одземе домаќинството на Даблин и ќе го додели на Лондон. ЕВРО 2020 според планот требаше да се игра во 12 различни града, Даблин беше еден од нив, но властите не можат да гарантираат организација поради пандемијата на коронавирусот.
Откако УЕФА и официјално ќе ја одземе организацијата на Даблин, се очекува довербата да ја добие Лондон со уште дополнителни четири натпревари од организацијата на Европското првенство. Мечевите би се играле на стадионот на Тотенхем, а Лондон е метропола која има огромни хотеслки капацитети и тоа нема да биде некој посебен проблем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal