Connect with us

Кевин де Бруин во Манчестер Сити до 2025 година

Белгискиот интернационалец Кевин де Бруин потпиша нов договор со Манчестер Сити до 2025 година. Тој верува дека може да освои уште многу трофеи со „граѓаните“ во наредниот период.

„Неверојатно сум среќен што ја продолживме соработката. Во моментов го играм можеби и најдобриот фудбал во кариерата, на тимот исто така му оди одлично и треба само да продолжиме да гледаме напред. Верувам дека ќе освоиме уште многу трофеи заедно“, изјави еден од најдобрите фудбалери во средниот ред во светот.

Кевин де Бруин дојде во Манчестер Сити од Волфсбург во 2015 година и се разви во фантастичен фудбалер, лидер во составот на Пеп Гвардиола. Оваа сезона иако се мачеше со повреди, сепак, постигна осум гола и забележа 16 асистенции на 33 одиграни натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови