Connect with us

Захариевски: Струга ТЛ сака историски пласман во финалето на Купот

Струга Трим Лум и Силекс денеска (13 часот) го играат вториот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. Дуелот на стадионот во Струга ќе го даде ривалот на Академија Пандев во битката за куп-трофејот.

Тренерот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски, најавува голема битка за пласман во финалето.

„Во Силекс поминав прекрасни фудбалски години, освоив три шампионски титули и два куп-трофеи, но во фудбалот нема сентименталност. Сега со Струга Трим Лум ќе се бориме за историски пласман во финалето. Задоволен сум од изданието на тимот на мечот против Беласица, се вративме во победнички ритам и денеска треба да одиграме еден перфектен натпревар за да ја оствариме целта“, вели Захариевски.

Младиот Блертон Шеји верува дека Струга Трим Лум ќе биде патникот во финалето.

„Не очекува еден тежок натпревар, но веруваме дека можеме да се пласираме во посакуваното финале/ Ќе биде тоа награда за сите напорни тренинзи оваа сезона“, изјави Шеји.

Силекс е во опасна ситуација на првенствената табела, но во евентуалното освојување на пехарот во Купот на Македонија ја гледа можноста за повторно излегување на европска сцена. Кратовци на финален куп – натпревар чекаат повеќе од две децении.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови