Connect with us

Добра вест за Јувентус: Демирал се опорави од Ковид-19

Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал, го победи коронавирусот, откако клубот потврди дека неговите последни два теста се негативни. Се верува дека дефанзивецот се заразил за време на репрезентативната пауза минатата недела.

Турскиот фудбалер не е веќе во изолација и ќе може да им се приклучи на останатите играчи на тренинг од утре. Останува да се види дали тој ќе биде на располагање за натпреварот со Наполи.

Ова значи дека само Леонардо Бонучи и Федерико Бернардески сѐ уште се позитивни на Ковид-19 во составот на Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови