
Работнички оствари значајна победа над Борец откако во самата завршница преку Фахрудин Ѓурѓевиќ постигна два гола и негативата од 0-1 ја претвори во триумф 2-1. Шефот на стручниот штаб Александар Влахо го истакнува карактерот на „романтичарите“ како клучен елемент во триумфот.
„Знаевме дека не очекува тежок натпревар против Борец, во таков стил и се подготвувавме за дуелот. Се покажа дека битката ќе трае до последните мигови, а среќен сум што тимот покажа победнички карактер. И покрај примениот гол, во завршницата покажавме желба и решителност за победа и возвративме брзо и ефикасно преку Фахрудин Ѓурѓевиќ. Морам да потенцирам дека фудбалерите кои влегоа од клупата внесоа голема свежина во играта, а Ѓурѓевиќ беше творец на победата и практично со два одлични потези го реши натпреварот. Тој не доби минутажа на последните натпревари, но и покрај тоа го задржа духот, покажа карактер и успеа да донесе важна победа за тимот. Ова е голем поттик да продолжиме напорно да работиме и во наредниот период и да се подготвиме добро за следното првенствено искушение против Пелистер“, изјави Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
По 25.кола од шампионатот Работнички се наоѓа на петтата позиција со 36 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
