Одигра само петнаесетина минути. Но, постигна два гола, го претвори најавениот пораз на Работнички во драматичен триумф (2-1) во завршницата од мечот и дефинитивно го заслужи епитетот најдобар играч на 25.коло во Првата фудбалска лига.
Што ли може повеќе да посака еден тренер од својот џокер кој го уфрлува од клупата во 77.минута? Александар Влахо веројатно побара од Фахрудин Ѓурѓевиќ да се обиде да постигне гол, а тој постигна два и стана супер – џокер.
Работнички оствари важна победа која се уште го држи во игра и во битката за излез во Европа, а Фахрудин Ѓурѓевиќ кој даде два гола за осум минути, а само двојно повеќе беше на теренот, го заслужи епитетот најдобар играч на 25.коло во Првата лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Сантос обезбеди опстанок, на Нејмар му олесна













