Академија Пандев е сосема поинаков тим под раководство на Александар Васоски. Одличен потег направи сопственикот Горан Пандев со ангажманот на поранешниот тренер на Вардар. Васоски за брзо време успеа да склопи одличен состав, доведе неколку засилувања, но и ги препороди фудбалерите кои Академија Пандев ги имаше во ростерот.
Со триумфот над Македонија ЃП во Ѓорче Петров, тимот успеа да излезе од опасната зона на табелата, демонстрираше силна желба и квалитет на дуелот со „лавовите“, а сето тоа е олицетворение на работата на Александар Васоски. Тој го заслужи епитетот најдобар тренер за 25.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Горд сум на момците, одиграа одличен натпревар, не е лесно да се совлада Македонија ЃП во Ѓорче Петров“, изјави Васоски по триумфот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













