Шкендија успеа да го победи Силекс со 2-1 во Тетово и ја зголеми предноста во однос на Шкупи на огромни десет бода. Тимот успешно се движи кон освојување на нова шампионска титула.
Шефот на стручниот штаб Ернест Ѓока триумфот му го посвети на сопственикот Лазим Дестани кој поради пандемијата оваа сезона е оддалечен од тимот.
„Беше тежок натпревар. Оваа победа е за господинот Дестани кој е далеку од нас поради пандемијата. Ова е подарок за човекот кој ја поддржува Шкендија. Напаѓавме со сите сили се до крајот, важно беше да победиме во првиот меч по репрезентативната пауза. Направивме многу шанси, но одлучуваа мали детали. Без разлика дали голот на Силекс беше од офсајд позиција или не, моравме да бидеме многу поподготвени за кризните моменти. Сепак, најважно е што победивме и одиме понатаму“, изјави Ернест Ѓока.
Шкендија во следното коло го игра тетовското дерби против Ренова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













