Струга Трим Лум беше пријатно изненадување во есенскиот дел од првенството, но работите не одат така добро за стружани во пролетната полусезона. Тимот на Срѓан Захариевски нема победа на последните четири меча и се надева дека тоа ќе успее да го надмине на денешниот меч против Беласица, последнопласираниот тим на табелата.
„Паузата ја искористивме да ја освежиме екипата пред претстојните натпревари со згуснат распоред. Екипата е со намален играчки кадар, сепак, имаме доста квалитет за да ја надминеме кризата и конечно да победуваме. Треба да бидеме на она ниво кое овие фудбалери го наметнаа во есенскиот дел“, изјави Захариевски пред мечот со Беласица.
Работнички и Борец ќе одиграат интересен натпревар на арената „Тодор Проески“. Тимот што ќе победи се чини дека ќе ги разреши дилемите околу опстанокот. Но, тоа нема да биде лесна задача ниту за Александар Влахо, ниту за Борче Христов.
„Борец е цврст тим, имаат исто бодовно салдо како и Работнички и нема да биде лесно да се совлада. Го почитувам колегата Борче Христов, мислам дека неговата екипа умее одлично да игра на резултат и не се сомневам дека не очекува тежок и неизвесен натпревар. Ние одработивме еден вид мини – подготовки за време на репрезентативната пауза, се подготвивме, се освеживме, одигравме и пријателски натпревар против Ренова. Бевме без четворица фудбалери кои имаа репрезентативни обврски, Јанков, Лука Станковски, Максимов и Тодоровски, но, сепак, видов многу добри елементи во играта, а секако исправивме и одредени грешки. Очекувам да одиграме квалитетен натпревар, на домашен терен конечно да го покажеме целиот потенцијал и да оствариме успех“, изјави шефот на стручниот штаб на Работнички, Александар Влахо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski