
Вардар гостува во Битола, а тоа секогаш е мотив домашниот тим да чувствува пеперутки и да посакува триумф. Овојпат Пелистер е фаворит, со оглед на актуелната ситуација во најтрофејниот клуб. Вардарци се десеткувани, без шефот на стручниот штаб Никола Илиевски Џиџи, кој се опоравува од коронавирусот, а во клубот веќе подолг период владее хаос на организациски план.
Но, тоа не ги засега фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер. Димитар Капинковски си ја гледа својата работа и посакува триумф за продолжување на добрите игри и резултати во пролетниот дел од првенството.
„Ова е дерби кое секогаш е интересно. Нема фаворити, без разлика каква е формата на екипите, бодовната ситуација. Видовме дека претходниот натпревар заврши 2-2, со доста голови и фудбал. Се надевам на таков натпревар и во Битола. Секој си има свои математики, а ние како и на секој дуел играме до максимум и да ги освоиме бодовите.
Вардар има промени во играчкиот кадар и стручниот штаб. Сигурно дека имаат свои планови, а тимот секако поседува потенцијал и квалитет. Но, мислам дека работите ќе зависат и од нас. Ако одиграме како што знаеме, верувам дека ќе ги освоиме потребните бодови“, изјави Капинковски.
Вардарци имаат промена само во дресовите. За првпат ќе носат „комитски“ дрес овој викенд, како порака дека тимот сака да се дистанцира од спонзорот Сергеј Самсоненко кој има огромни долгови кон клубот.
Пелистер се наоѓа на осмото место на табелата со 29 бода, а Вардар е деветти со два бода помалку. Ова дерби е пресметка и за бегство од опасната зона на табелата.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
