Connect with us

Барселона има две алтернативи ако не може да го купи прескапиот Халанд

Ерлинг Халанд е премногу скапа инвестиција, па Барселона има и други опции за засилувања во нападот за следната сезона. Според каталонските медиуми, Барселона ги идентификувала Хари Кејн и Лаутаро Мартинез како двете алтернативи доколку не успее да го доведе Ерлинг Халанд.

Агентот на Халанд, Мино Раиола неодамна се сретна со претседателот на клубот Хоан Лапорта да разговара за неговиот можен ангажман.

Што се однесува до Мартинез, тој претходно се поврзуваше со Барса, додека Кејн веќе некое време игра на врвно ниво и со тоа го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови