Connect with us

Сари би можел да ја преземе Рома

Поранешниот тренер на Јувентус, Наполи и на Челси, Маурицио Сари, би можел да биде нов тренер на Рома од следната сезона. Италијанските медиуми го наметнуваат како најголем кандидат за тренерското место на римскиот клуб.


Агентот на Маурицио Сари веќе имал две средби со раководството на Рома кое се подготвува за „животот“ после Пауло Фонсека. 62-годишниот стратег ја разгледува мошне сериозно опцијата да пристигне на „Олимпико“.

Маурицио Сари ги одбил понудите од Фиорентина и два клуба од други европски првенства и го чека заминувањето на Фонсека од клупата на Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови