Connect with us

Втора лига Запад: Скопје трча кон елитата, Тетекс сака опстанок

Љупчо Марковски и фудбалерите на Скопје се максимално фокусирани на реализација на планот за ФК Скопје од следната сезона повторно да биде прволигаш. Денеска на „Автокоманда“ гостува Тетекс, ќе биде тоа интересен меч во кој домаќинот сака да освои три бода за да се зацврсти уште повеќе на врвот, а тетовци ќе се обидат да останат непоразени во битката за опстанок.

Велешта исто така не се откажува од трката за врвот и е фаворит на домашен терен против Дрита, а Кадино е гостин на Велазерими во Кичево. Охрид Лихнидос го пречекува составот на Кораби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови