
Се раситнува и јануари, а Вардар се уште е во зимски сон. Тимот ги нема стартувано подготовките за пролетниот дел од сезоната, а не се наѕира ниту суштинско решение за клубот. Најави има, но реализацијата се уште затајува. Идиличниот момент дека Вардар ќе биде преземен од „Катар Ервејс“ и дека ќе бидат вложувани околу 5 милиони евра по сезона засега е само убава замисла.
Фудбалерите и тренерите, оние кои се уште не се разотидени од најтрофејниот клуб, не сакаат да ги почнат подготовките без да добијат исплата. Барем делумна на наталожените неусплатени плати од првиот дел од сезоната, но и од претходно. Нема финансии ниту за активно стартување на подготовките, за сместување, за исхрана на фудбалерите, за автобуси и секојдневни трошоци.
Најновата информација е дека ако се биде в ред и се испочитува договореното на последните состаноци на „управата за спас“ тимот би можел да почне со подготовки в среда. А дотогаш, најдоцна до вторник, треба да биде „одмрзната“ жиро-сметката на клубот, како и да бидат подмирени дел од долговите кон фудбалерите, тренерите и останатиот клупски персонал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal