Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, му оддаде големо признание на напаѓачот Серхио Агуеро кој по една деценија одлучи да го напушти „Итихад“ на крајот од сезоната. Тој вели дека аргентинскиот напаѓач ја освоил Англија со своите настапи и голови во изминатите десет години и го спореди со неговите легендарни сонародници, Диего Марадона и Лионел Меси.
„Диего Марадона ја освои Италија, Лионел Меси ја освои Шпанија, а Серхио Агуеро ја освои Англија. Кој не верува во тоа, може да ги погледне неговите статистички показатели. Серхио е фантастичен играч и Манчестер Сити е среќен што го имаше во своите редови изминатиот период“, изјави Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити претстојниов викенд ќе му гостува на Лестер во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













