Connect with us

Поранешен фудбалер на Интер уапсен по пријава за семејно насилство (ВИДЕО)

На интернет се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како полицијата го апси поранешниот фудбалер на Интер, Фреди Гуарин по пријава за семејно насилство во домот на неговите родители во Колумбија.

Наводно, 34-годишникот е обвинет за напад врз сопствениот татко и другите членови на семејството, според колумбиските медиуми. На видеото се гледа како полицијата го влече облеаниот во крв Гуарин од гаражата на неговите родители. Сè уште не е јасно дали крвта е негова или е туѓа.

Колумбиските власти потврдија дека играчот од средниот ред на Милионариос бил под влијание на супстанци за време на нападот и по него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови