Раководството на Јувентус е бесно и размислува да ги казни Вестон Мекени, Пауло Дибала и Артур откако присуствувале на приватна забава, прекршувајќи ги мерките за спречување на коронавирусот. На Апенините ова е топ тема.
Наводно, Мекени организирал приватна забава каде присуствувале десет лица, вклучувајќи ги и неговите двајца соиграчи. Забавата била прекината откако соседите повикале полиција.
Се верува дека сите присутни се казнети со по 400 евра, но за фудбалерите на Јуве последиците може да бидат уште поголеми. Така, „бјанконерите” размислуваат да ги отстранат тројцата играчи од составот за градското дерби против Торино в недела.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski