Connect with us

Меси има само еден услов за да остане во Барселона

Каталонскиот гигант Барселона со сите сили се обидува да го наговори Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“ и по завршувањето на сезоната. Тој во јули ќе биде слободен агент, а новиот претседател Хоан Лапорта се труди да го задржи и веќе му понуди доживотен договор. Тоа значи дека Аргентинецот ќе може да избере функција во клубот откако ќе ја заврши кариерата.

Како што информираат каталонските медиуми, Лионел Меси има само еден услов за да остане во Барселона до крајот на кариерата. Тоа е Барселона да создаде повторно конкурентен тим за освојување на титулите во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Најголемата ѕвезда сака да биде во фокусот и да се бори за трофеи доколку остане на „Камп Ноу“.

Лапорта веќе го договорил анажманот на Серхио Агуеро и тоа е голем плус во преговорите со Лионел Меси, со оглед дека тие се одлични пријатели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови