Европската куќа на фудбалот размислува да донесе одлука за зголемување на бројот на фудбалери кои ќе бидат на располагање на селекторите на репрезентациите учеснички на Европското првенство. Причина е пандемијата на коронавирусот и можноста побрзо да се избегнат непријатности доколку во некоја од селекциите навлезе вирусот Ковид-19.
УЕФА подготвува измена на правилото за бројот на играчи, па ростерите наместо 23 би вклучувале 25 репрезентативци. Ова значи дека селекторот Игор Ангеловски би имал поголем избор на фудбалери за настап на Европското првенство и дуелите со Австрија, Украина и со Холандија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













