
Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд дефинитивно ќе биде ѕвезда на летниот преоден рок, а агентот Мино Раиола заедно со неговиот татко Алф – Инге Халанд очигледно тргна во обиколка на најголемите европски клубови, за да види што може да добие пред да се случи евентуалниот мегатрансфер.
По средбата со претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, на „Камп Ноу“, Раиола и родителот на Ерлинг Халанд веќе се во Мадрид на разговор со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Барселона и Реал Мадрид се само дел од гигантите кои посакуваат да го имаат одличниот голгетер во клубот од следната сезона. Во редот се и Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Јувентус, Манчестер Јунајтед….Борусија Дортмунд најави дека ќе бара отштета од фантастични 180 милиони евра за трансфер ова лето, а Халанд има клаузула според која следното лето би можел да го напушти клубот за 70 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
