Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, заработи сериозна повреда на мускулот која ќе го оддалечи од терените еден месец во клучниот дел од сезоната. Тој се повреди на синоќешниот меч меѓу селекциите на Шпанија и на Косово, а поради тоа ќе ги пропушти двата натпревари против Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите, како и дуелот со лутиот ривал Барселона, популарното „Ел Класико“.
„По направените тестови, ја информираме јавноста дека Серхио Рамос има повреда на мускулот на левата нога и одреден период ќе биде надвор од тренажен процес“, објави прес – службата на Реал Мадрид.
„Кралевите“ се подготвуваат за дуелот со Еибар во Ла Лига, а потоа следи и првата четвртфинална пресметка со Ливерпул во ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













