
Македонија оствари фантастичен успех со триумфот (1-2) над Германија во третиот меч од квалификациите за СП 2022 во Катар. Напаѓачот Александар Трајковски е среќен поради големата победа и вели дека тоа е само уште една потврда дека Македонија е голема репрезентација.
„Среќен сум затоа што сите заедно победивме еден гигант како Германија. Ова е еден голем успех за цела Македонија. Не е лесно да се направи една репрезентација со ваков менталитет, еден тим кој може да се надигрува со сите. Не знам како да ја опишам мојата радост дека победивме репрезентација која освојувала европски и светски првенства. Покажавме дека сме голема репрезентација и дека можеме против сите“, изјави Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
