Connect with us

Лев ќе „преживее“ до ЕП, останува селектор на Германија

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, нема да ја напушти функцијата до Европското првенство. По дебаклот што му го нанесе Македонија, беше разгледувана и можноста за негова итна смена. Сепак, како што пренесува германскиот „Спорт1“, тој ќе остане да ја одработи задачата.


Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) нема да донесе одлука да го отпушти фудбалскиот стратег по синоќешниот пораз од македонската репрезентација (1-2), а и самиот Лев нема намера да се повлече предвреме. ДФБ го нагласи незадоволството од поразот, а медиумите го „растргнаа“.

Претходно, Јоаким Лев најави дека ќе ја напушти германската репрезентација по Европското првенство кое ќе се игра претстојното лето.

По три одиграни кола во квалификации за СП 2022, Германија е на третото место во групата Ј со шест бода, колку што има и Македонија на втората позиција. Лидер изнедувачки е Ерменија со три победи и максимални девет бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови