Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, може да ја загуби позицијата во клубот по натпреварот од Серија А со Наполи в среда, тврди „Газета дело спорт“. Тој добил ултиматум од раководството на клубот да го врати тимот на победнички патеки по шокантниот пораз од Беневенто пред репрезентативната пауза.
Според италијанскиот весник, натпреварите против Торино и против Наполи ќе бидат решавачки за судбината на тренерот на „старата дама“. Во случај на неуспех на овие средби, поранешниот играч за врска на Италија ќе биде разрешен од тренерската функција.
Јувентус доживеа елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите од Порто, а во моментот се наоѓа на третото место во италијанскиот шампионат и заостанува десет бода во однос на лидерот Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













