
Македонија не мора да се грижи за својата фудбалска иднина. Капитенот Горан Пандев и на 37 години игра маестрално и во репрезентацијата ги прикажува најдобрите настапи во кариерата, но има и верни следбеници во помладите соиграчи.
Елиф Елмас е новата македонска мегаѕвезда, со 21 година веќе настапува во Серија А, го носи дресот на Наполи и е еден од најголемите адути на селекторот Игор Ангеловски во националниот тим. Синоќа против Германија Елмас одигра одличен натпревар, а тоа го потврдува и статистиката.
Остана на теренот во текот на сите 90 минути, истрча многу во средниот ред, беше активен и во дефанзивните задачи, одзема осум топки од противникот, имаше две клучни додавања, а во 85.минута го постигна победничкиот гол за Македонија за триумф против четирикратниот светски првак Германија.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal