Легендарниот германски фудбалер и поранешен селектор на бундес-тимот, Јирген Клинсман, жестоко ги критикуваше германските репрезентативци за поразот од Македонија (1-2) во Дуисбург. Им советуваше неколку дена да се скријат и да не излегуваат од дома.
„Македонците играа одлично и на натпреварот против Романија, создадоа многу шанси, но не беа доволно прецизни пред противничкиот гол. Но, Македонија тоа го поправи против Германија и заслужува само комплименти. Сега ниту еден фудбалер нема да оди до продавница или на било кое друго место, нека останат неколку денови дома пред да излезат. Замислете ваков натпревар пред 60.000 гледачи и да загубите против Македонија, кога би се случило такво нешто луѓето ќе ви го покажат незадоволството“, изјави Клинсман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













