
Македонија оствари фантастичен триумф против Германија славејќи во Дуисбург со 1-2 против најголемиот фаворит во групата. Горан Пандев и Елиф Елмас ги постигнаа головите за нашиот национален тим, а Езгјан Алиоски во изјава за германскиот „РТЛ“ посочи дека ова е најголемата победа на Македонија во историјата.
„Победивме голема репрезентација, со голема фудбалска историја, со европски и светски титули и среќни сме. Издржавме се, беше ова многу тежок натпревар, но ние се подготвувавме за такво искушение. Одиме натаму во овие квалификации, сега Македонија се надева и за многу повеќе“, изјави Езгјан Алиоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal