
Фудбалската репрезентација на Македонија оствари сензационален триумф (1-2) против четирикратниот светски првак Германија во третото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Горан Пандев во 45.минута донесе водство за Македонија по додавањето од Енис Барди, израмни Илкај Гундоган од пенал во 63.минута, а Елиф Елмас погоди за триумф на асистенција од Аријан Адеми во 85.минута од мечот.

Македонија во најголем дел од мечот ги затвори сите приоди кон голот на Столе Димитриевски и обезбеди предност по првото полувреме. Можеме да жалиме и за одличната шанса на Аријан Адеми во 40.минута по центаршутот на Алиоски од десната страна, но ударот со глава Тер Штеген го одбрани со рефлексна реакција.
Во 45.минута, одлична акција на Адеми и Трајковски, топката беше префрлена на спротивната страна кон Енис Барди, тој го пронајде како со рака Горан Пандев во шеснаесетникот, а капитенот погоди на вистинското место.
Германија беше најблиску до водство во почетните мигови, Леон Горецка ја погоди гредата во деветтата минута, а потоа шанси имаа и Серж Гнабри во 27.минута и Каи Хаверц во 33.минута.
Германците се вратија во игра во 63.минута. Лирој Сане беше фаулиран од Алиоски во шеснаесетникот, а Илкај Гундоган погоди од белата точка.
Во 78.минута, Емре Џан играше со рака во шеснаесетникот по ударот со глава на Дарко Велковски по корнерот од левата страна, но рускиот судија Карасев немаше храброст да досуди пенал и за Македонија.
Две минути подоцна, Илкај Гундоган му подготви зицер на Тимо Вернер, а тој не успеа да погоди сам пред голот од само неколку метри.
И во 85.минута, нов нокаут за Германија. Овојпат „Гранде Елмас. Аријан Адеми направи дар – мар во одбраната на Германија по левата страна, уфрли во средината, а Елиф Елмас погоди за 1-2.
ИСТОРИСКА ПОБЕДА на Македонија во првиот дуел против четирикратниот светски првак Германија во Дуисбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
